Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Aтлетичарката Матеја Ефремовска и велосипедистот Андреј Петровски се прогласени за спортисти на Општина Куманово за 2017 година.
Признанието им го додели Општинскиот сојуз на спортови, кој секоја година доделува награди и признанија за посебни спортски достигнувања и успеси во екипни и поединечни спортски дисциплини на поединци и клубови од општината.
За спортисти со исклучителни спортски резултати се прогласени: Филип Наковски кик-бокс, Анита Величковска планински велосипедизам, атлетичарите Катерина Тимчевска и Марјан Нојковски и велосипедистот Зоран Ристовски, Дарко Георгиевски, голман на ракометниот клуб Куманово, Атoм Фазлиу од ФК Вардар, Кети Павловска од женскиот фудбалски клуб Куманово, велосипедистот Никола Ѓукиќ од Вело-М, Александра Боризовска од ЖРК Куманово, Никола Караколев од КК Куманово.
Во категоријата најдобри спортски клубови со признанија се закитиа општинскиот стрелачки клуб Куманово, велосипедскиот клуб Вело-М, Атлетски клуб Куманово, Одбојкарскиот клуб Куманово.
Награди и признанија добија и спортисти од училишниот спорт, пензионери, рекреативни спорти, спортски работници, тренери, новинари и други.