×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран новиот Женски одбојкарски клуб „Куманово“

    29.02.2020 19:15 | KumanovoNews

    Во Спортската сала „Перо Наков" во Куманово, денеска беше промовиран новиот Женскиот одбојкарски клуб  „Куманово“.

    Промовиран новиот Женски одбојкарски клуб „Куманово“

    Промоцијата на одбојкарскиот клуб беше преку презентација на четири натпревари на околу четириесет ученички од девето одделение од основните училишта „Крсте Мисирков“, „Христијан Карпош“, „Браќа Миладиноци“ и „Вук Караџиќ“ од Куманово.

    Претседателот на Женскиот одбојкарски клуб Куманово Зоран Јосимовски, вели дека заинтересираноста за одбојката е голема и ги повикува сите љубителки на овој спорт да се пријават во клубот.

    - Дефинитивно ова е најмасовен спорт, познавајќи ги девојчињата од училиштата и од самите часови по физичко образование. Најзаинтересирани, најмотивирани и најрадосни се при натпревари за играње одбојка. Идејата и целта на нашиот клуб е да оформиме лига за која се надевам дека од септември ќе почне да функционира, како на училишно ниво на Општина Куманово, така и на пионерско ниво, секако, на ниво на државата. Сега правиме напори за да видиме која од одбојкарите сѐ уште е присутна во нашата Општина и ако се најде поголем број на заинтересирани одбојкарки, би сакале да пријавиме екипа и на сениорско ниво. Ги поканувам сите кои ја сакаат одбојката да ни се приклучат на тимот, расположени сме за соработка со сите ученички од основни и средни училишта,- додава Јосимовски.

    Претседателот на Сојузот на спортови од Куманово Филип Колевски, посочи дека тие како Сојуз на спортови ќе дадат поддршка за развојот на одбојката, а додаде и дека поради интерес од учениците потикнуваат во иднина да се формира и машки одбојкарски клуб.

    - Верувам дека ова ќе биде само почеток на еден подем на одбојката, кој ќе доведе до создавање и на наши репрезентативки. Овој спорт исто така добива на значење, бидејќи има интерес и кај машките и женските, па затоа апелираме до професорите и тренерите да помогнат и во реактивирање на машката одбојка. Најчесто, овие деца не се вклучени во ниту еден спорт, бидејќи ја сакаат само одбојката и сега ќе има каде да тренираат. Воедно ќе се потрудиме преку активирање на одредени спортови, без разлика дали станува збор за индивидуални или колективни спортови, да придонесеме за да може помладата популација да има повеќе можности за тренирање, а за оние коишто  ќе се покажат како таленти да им обезбедиме поуспешна кариера, - вели претседателот Колевски.

    Засега ЖОК Куманово има три тренинзи во текот на неделата, два во работните денови и еден во сабота, но со отпочнување на сезоната, како што велат од клубот, тие ќе се зголемат на петпати неделно.