Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го доживејаа првиот пораз на домашен терен од екипата на МЗТ Скопје. Натпреварот заврши со резултат 81:88.
Во преполната Спортска сала, кошаркарите одиграа уште еден неизвесен натпревар. Куманово бркаше негатива од 5-6 поени разлика во текот на целиот меч, па на следните учесници во АБА лигата им беше дадено до знаење дека нема да остварат лесна победа. Натпреварот беше прекинат при крајот на третата четвртина, поради фрлање на предмети во теренот, по што следуваше прекин од половина час и празнење на првите редови на западната трибина.
Во последниот период кумановчани губеа дури 12 поени, но успејаа со серија кошеви да намалат на 3. Последната минута разликата изнесуваше само еден поен, но нашите кошаркари не успејаа пресвртот да го претворат во победа, па натпреварот го загубија со резултат 81:88.
Најефикасен кај гостите од Аеродром беше Ѓорѓи Чековски со 24 поени, Ноа Далман со 16поени и Огнен Стојановски со 14.
Во Куманово Немања Јелисијевиќ постигна 22, Дејан Микиќ 19 поени, Милан Јанушевиќ 16 и Дарко Матиќ 14 поени.
Следниот натпревар, Куманово го игра во среда против АБА Струмица на гостински терен, а потоа гостува екипата на Вардар.