Прв пораз на кошаркарите на Куманово
22.02.2010 12:19
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово го доживејаа првиот пораз во пролетниот дел од првенството. На гостувањето во Прилеп против Ултимејт Баскет, кумановци загубија со резултат 89 - 75.
Ова беше натпревар помеѓу најдобрите два тима во втората лига. Со овој пораз, кумановци се втори на табелата. Сепак со победа би го зацврстиле првото место, и речиси сигурно би била една од двете екипи кои ќе се пласираат во Првата македонска кошаркарска лига. Вака останува неизвесно.

