Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово, денеска во дуелот против екипата на Моби Дик од Охрид остварија победа со резултат 26:21.
Овој дерби натпревар помеѓу двете прво пласирани екипи на табела беше во полза на кумановчанки кои доминираа во текот на целиот натпревар.
На пауза ракометарките заминаа со 5 гола позитива (14:9).
Малку потежок беше стартот на второто полувреме кога играта на домашните ракометарки стивна и гостите во 39-тата минута израмнија со резултат 15:15.
Најефикасни во домашниот состав беа Стојановска и Боризовска со постигнати 8 гола, Марковиќ, Борчевска и Пеовска со по 3 гола и Паневска со 1 гол.
Од гостите најефикасна беше Николовска со постигнати 6 гола.
За екипата од Охрид ова е прв пораз во домашното натпреварување и со само три поени им бегаат на кумановчанки на табелата.