Прва гостинска победа на Бал фор Лајф
05.12.2016 14:26
| KumanovoNews
Кошаркарите на Бал фор лајф ја забележаа првата победа на гостински терен оваа сезона.

Тие во Кочани беа поуспешни од тимот на Дино Баскет со резултат 73-80. Натпреварот на полувреме беше 40-40 и беше неизвесен до последниот период. Искуството беше на страната на гостите кои успејаа да направат и максимални 15 поени разлика, но по неколкуте погодени тројки на домаќинот во обид да се стопи разликата, натпреварот заврши со конечен резултат 73-80.
Наум Јакимовски беше најкористен играч кај победникот со 25 поени.
Бал фор Лајф се слободни овој викенд, а за две недели играат против МЗТ Скопје на гостински терен.