Работнички е првиот противник на Куманово во Купот
17.02.2017 12:33
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денеска во 18 часот играат против Работнички од Скопје во првиот натпревар од Купот на Македонија.

Кумановчани против големиот ривал ќе се обидат да се пласираат во следанта фаза, каде што најверојатно ќе се сретнат со тимот на Карпош Соколи.
Во другите натпревари, Соколи играат против Вардар, Фени Индустри ќе игра против АВ Охрид а МЗТ Скопје првиот натпревар од Купот ќе го игра против Кожув.
Натпреварите од Лимак Купот на Македнија ќе се играат во салата Јасмин во Кавадарци.