Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово утре го игра натпреварот од 22. коло против најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, тимот на Работнички.
Скопскиот тим игра одлично после зимската пауза, а тоа се потврдува со победата над вечниот ривал, одличниот настап во Купот токму против Куманово а потврда е и победата на гостински терен против Кожув во минатото коло. Младиот тим на Докузовски станува незгоден противник оваа сезона за секој противник.
Куманово сеуште е во трка за втората позиција, но секое коло тимот на Фени Индустри е се поблиску и поблиску во борбата за полесен противник или директен пласман во полуфиналето од Плеј-оф завршницата.
Оваа година овие два тима одиграа три натпревари и на сите три Куманово успеја да триумфира, па вистинско изненадување би било доколку кумановчани не триумфираат на домашен терен.
Натпреварот се игра во сабота во Спортската сала со почеток во 19 часот.