Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шпанецот Рафаел Надал го освои тениско првенство. Во финалето во САД, Надал го победи Новак Ѓоковиќ, со 3-1 во сетови.
Рафаел Надал ја освои втората Грен слем титула во Њујорк со триумфот над Новак Ѓоковиќ во 4 сета, 6-2,3-6,6-4 и 6-1,што беше негова 22-ра победа во низ на тврда подлога и ја освои 13 Грен слем титула од 18 финални мечеви во кариерата, доближувајки се, на само еден Грен слем трофеј до Пит Сампрас.
Покрај поразот,српскиот тенисер Ѓоковиќ останува број 1 во рангирањето, но Надал се доближи на само 120 бодови.
Во денешното рангирање, Ѓоковиќ на првото место има 10980 бодови, Надал 120 помалку. Трет е Мареј со 7060. Во најдобрите 10, влегуваат уште, Ферер, Бердих, Федерер, Дел Потро, Цонга, Гаске и Вавринка.