Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од овој понеделник, шпанскиот тенисер Рафаел Надал повторно ќе застане на врвот на АТП листата, откако го доби полуфиналниот меч во Пекинг, против Томаш Бердих.
По повредата, Надал само ја продолжи својата фантастича сезона и досега има освоено 10 титули од можните 12 натпревари во кои настапување, вклучувајќи ги тука познатите Ролан Гарос, Ју-Ес Опен и пет мастерси од серијата 1000.
Оваа година е една од најдобрите во мојата кариера. Чуврството повторно да се стане прв на АТП листата е неверојатно, особено по големата пауза која ја правев поради повредата-изјави тенисерот.
Противникот на Надал во финалето на турнирот ќе биде победникот од натпреварот Ѓоковиќ против Гаске.