Мени

Ракомет: Македонија против Србија на Медитеранските игри

26.06.2013 08:13 | KumanovoNews

Македонската ракометна репрезентација денес го игра третиот меч на Медитеранските игри, а противник е Србија.

Ракомет: Македонија против Србија на Медитеранските игри

Ракометарите вчера неочекувано загубија со убедливи 33:20 од селекцијата на Италија.

Денес нашата селекција ќе има можност за поправен против секогаш силната Србија.

Директен пренос од овој меч обезбеди МРТ, а пресметката започнува 15:00 часот.

Последниот меч од оваа фаза Македонија ќе го одигра во четврток против селекцијата на домаќинот Турција.

Исто така МРТ и од овој меч ќе врши директен пренос, а дуелот започнува во 11:00 часот.