Ракометарите го дочекуваат Тинекс Пролет, одбојкарите гостуваат на Лирија
11.11.2011 14:46
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово вчера забележаа нова победа во најквалитетното ракометно првенство.

Вчера во Кавадарци, нашите ракометари славеа победа со резултат 26:37. Со оваа победа, ракометарите се искачија на петтата позиција на табелата. Во недела, ракометарите во спортската сала ја пречекуваат екипата на Тинекс Пролет.
Одбојкарите на Куманово овој викенд ќе гостуваат во Тетово против екипата на Лирија. Овој меч е од големо значење за нашите одбојкари, бидејки директно се пресметуваат за повисока позиција на табелата.
Куманово е петтопласирано, а Лирија е четвртопласирана.