Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово утре во Спортската сала, во 18:30 го играат најбитниот меч во сеозната, во кој со победа речиси двојно ги зголемуваат шансите за опстанок во Супер-лигата.
Утре во Куманово пристигнува екипата на Радовиш, а тренерот Јовановски е оптимист пред утрешниот натпревар.
Доколку ги намалиме техничките грешки, и одиграме онака како што знаеме, тогаш би требало да издвојуваме многу битна победа. Ги повикувам сите љубители на ракометот да дојдат утре во Спортската сала и да ги подржат нашите деца, своите сограѓани во нова победа која ги зголемува шансите за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување - изјави тренерот Миодраг Јовановски - Црни.
После исплатата на дел од платите, ракометарите се во редовен тренажен процес, и клубот функционира нормално. Куманово ќе игра во Плеј-аут лигата, но утрешната победа е потребна бидејки се пренесуваат бодовите од регуларниот дел, па Куманово е потребно да влезе со што подобра позиција.