Ракометарите го пречекуваат лидерот на табелата
25.11.2016 23:24
| KumanovoNews
МРК Куманово во недела го пречекува лидерот на табелата во Првата ракометна лига, тимот на Младост.

Ракометарите на Младост пристугнуваат во Куманово како единствената непоразена екипа. Во досегашниот дел од првенството имаат седум победи и еден пораз. Куманово се наоѓа на четвртата позиција на табелата со пет победи и два пораза.
Натпреварот се игра во недела, во Спортската сала во Куманово а започнува во 17:30.