Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово утре во Спортската сала со почеток во 19:30 ја пречекуваат екипата на Охрид 2011.
Со победата против Текстилец на гостински терен, тимот на Куманово ги зголеми шансите за опстанок во најквалитетното ракометно првенство во Македонија.
Утре ги очекува натпревар против тимот на Охрид 2011 каде што со победа би требало да ја зацврстат позицијата која обезбедува опстанок.
Во двомечот од регуларниот дел од сезоната имаме позитивен скор. На гостувањето загубивме несреќно иако водевме во текот на целиот меч, а во Куманово убедливо го победивме Охрид. Утре не очекува интересен меч во кој се надеваме на победа - изјави тренерот Миодраг Јовановски Црни.
Тој ги повика љубителите на спортот да дојдат на натпреварот и да дадат подршка тим кој е составен од млади домашни ракометари кои се родени во Куманово.
Ги повикувам сите љубители на спортот кои сакаат да ги подржат домашните играчи, своите сограѓани во натпреварот кој ќе ги донесе нова сезона во Супер лигата, да дојдат утре во Спортската сала во Куманово и проследат интересен меч - додаде Јовановски.