×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите и ракометарките поразени на домашен терен

    04.04.2016 11:22 | KumanovoNews

    Женскиот ракометен клуб Куманово забележа пораз од екипата на Пелистер од Битола со резултат 23:24, додека машкиот состав на Куманово беше поразен од тимот на Текстилец со конечен резултат 19:23.

    Ракометарите и ракометарките поразени на домашен терен

    Екипата на Пелистер се наметнува како незгоден противник на женскиот состав на Куманово имајки впредвид дека и минатата сезона Куманово доживеа изненадувачки пораз од битолчанки. Тимот од Битола имаше водство во првото полувеме од два гола, меѓутоа Куманово успеја да го неутрализира водството и на полувреме да замине со резултат 10:10. Кумановчанки имаа подобро отварање на второто полувреме и предност од два гола, меѓутоа овој пат Пелистер го неутрализираше водството и до крајот на натпреварот имаше гол повеќе и резултат 23:24.

    М.Талевска постигна 12 гола во пбоедата на Пелистер, додека за Куманово Викторија Пеовска постигна 7 гола.

    И покрај овој пораз, Пелистер е сеуште далеку од Куманово на табелата. Куманово има 18 поени и е на третата позиција, а Пелистер има 13 поени, натпревар помалку и се наоѓа на четвртата позиција.

    Тимот на Текстилец беше фуриозен и по серијата од 0-6 уште на почетокот на мечот, даде до знаење дека се подготвени да забележат победа во Спортската сала. Шесте гола предност беа премногу за тимот на Куманово, кој во второто полувреме успеја да се приближи на еден гол негатива и имаше резултат 12:13. Сепак подоцна следуваше нова серија од 0-3 за штипјани кои забележаа победа со резултат 19:23.

    Васе Петров постигна 10 гола за тимот на Текстилец, додека Христијан Димковски со 7 гола беше најефикасен за Куманово.