Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Последното коло во ракометниот прволигашки Плеј оф, ќе го даде конечниот распоред од четвртото до шесттото место кои следната сезона водат во Супер лига.
Утрешниот противник на Куманово е тимот на Вардар Неготино, и доколку кумановци забележат победа поголема од 5 гола, МРК во суперлигашкото друштво ќе отиде како четврти на табелата. Со победа под пет гола Куманово ќе заврши на петтата позиција.
Подршка на клубот на утрешниот натпревар е битна бидејќи со евентуален пораз, кумановчани ќе можат да биднат стигнати од РК Аеродром, кој утре во исто време игра против последнопласираната Јехона и се бори да го избегне шестото место кое носи бараж за влез во Супер лига.
Ракометната федерација намерно ги закажа овие два натпревари во ист термин, за да се избегнат евентуални резултатски калкулации.
Натпреварот МРК Куманово - Вардар Неготино се игра во сабота од 12 часот во салата на економското училиште.
Од клубот ги повикуваат сите љубители на ракометот да го подржат тимот на утрешниот натпревар, и со победа заедно да го прослават враќањето на машкиот ракомет во најквалитетното ракометно друштво.