Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово утре го играат првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната. Тие за противник ја имаат екипата на Преспа 2010.
Натпреварот ќе се игра во Ресен а кумановчани ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток од првиот дел на сезоната. Тоа ќе биде тешка задача имајки впредвид дека Преспа е третопласирана на табелата со осум победи два пораза и еден нерешен резултат.
Куманово е на дното на табелата со една победа, еден нерешен резултат и девет пораза. Екипата во првиот дел од сезоната покажа дека може да игра и несреќно загуби дел од натпреварите, па се очекува по зимската пауза подобар настап и борба за повисока позиција на табелата.