Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометниот клуб Куманово изврши промена на тренерската позиција, а тимот ќе го предводат Александар Јанчиќ, Наташа Младеновска - Ѓорѓевиќ и Миодраг Јовановски - Црни.
Тренерскиот троец доаѓа на местото на Зоран Јосимовски, а во овој стручен штаб главниот збор ќе го има Јанчиќ. Предходните години овој тим на тренери успешно работеа во академијата Карпош - Вардар.
Куманово во досегашниот дел од сезоната одигра 15 натпревари каде што забележа 6 победи, 5 нерешени натпревари и 4 порази. Новиот стручен штаб има задача да забележат што подобар резултат во тековната сезона и воедно да направат што подобра подготовка за следната сезона.
Александар Јанчиќ е поранешен крилен ракометар на Куманово и Вардар, додека Наташа Ѓорѓевиќ е една од најдобрите ракометарки од Куманово, поранешна репрезентативка и играч на Куманово и Металург. Ова не е прв пат Миодраг Јовановски - Црни да седнува на тренерската клупа на ракометарите на Куманово, иако во предходниот дел од својата кариера работел, и во ракометната јавност е попознат како тренер на ЖРК Куманово.