×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите на Куманово со шест нови засилувањa во вториот дел на сезоната

    11.01.2025 14:30 | KumanovoNews

    Машкиот ракометен клуб (МРК) Куманово со шест нови засилувања ќе го продолжи вториот дел од сезоната.

     

    Ракометарите на Куманово со шест нови засилувањa во вториот дел на сезоната

    Од клубот велат дека од вчера официјално започнале со подготовките, и најавуваат дека имаат амбиции да обезбедат што подобра позиција во пресрет на плеј-аут лигата, каде главна цел е да се обезбеди опстанок оваа сезона.

    „Нашиот тим максимално го искористи преодниот рок и се засили со шест нови ракометари. Од Бразил ни доаѓаат Жоао Виктор Соарес Флорес, Џанкарло Фелипе Хен и Гилерме Да Силва Фернандес. Од Хрватска во нашите редови пристигна Лука Матачиќ , додека МРК Куманово го засилија и македонските ракометари Стефан Лазаревски и Григор Трајковски. Од нашиот тим на позајмица до крајот на сезоната во Младост од Богданци заминаа Уча Гамзардија и младиот пикер Борјан Цековски“, велат од клубот.



    На првиот тренинг тренерот на МРК Куманово биле сите ракометари , освен бразилските интернационалци кои треба во Куманово да пристигнат до крајот на наредната недела.