Ракометарите на Македонија против светскиот првак Шпанија
Продолжуваат квалификациите за Европското ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Данска.

Македонската машка ракометна репрезентацијата денеска во 17 часот и 45 часот во СЦ „Борис Трајковски’’ ќе игра против актуелниот светски првак Шпанија. Победа за нашиот национален состав ќе значи историски успех, а еден бод ќе биде од големо значење за понатамошниот тек на квалификациите.
Денешниот натрпревар ќе биде прв за Ивица Обрван на клупата на нашиот национален состав, кој на вчерашната прес-конференција фаворитската улога и ја препушти на Шпанија, но воедно додаде дека Македонија има сили за изненадување.
Во моментов во нашата квалификациска група Шпанија со 4 бодови е лидер, Македонија е втора со 2, исто толку има и Португалија, додека на последното место е Швајцарија која е без бодови.
Вториот натпревар од групата 1 меѓу Швајцарија и Португалија ќе се игра утре.
На табела во оваа група води Шпанија со 4 бодови, пред Македонија и Португалија кои имаат по 2, а последна е Швајцарија без освоен бод.