Ракометарите на Вардар го совладаа Партизан
21.11.2013 08:41
| KumanovoNews
РК Вардар со само гол разлика ги совлада ракометарите на Партизан со резултат 28:27 и со тоа ја забележаа својата седма победа во Сеха лигата.

Со оваа победа ракометарите на Вардар се наоѓаат на третото место на табелата, зад големите екипи Татран со 27 и Загреб со 24 поени.
Најефикасни во составот на Вардар беа Карачиќ со 6 гола и Марковиќ со вкупно 5 постигнати гола.
Во екипата на Партизан најефикасен беше ракометарот Радовановиќ со постигнати 6 гола.
Овој натпревар за ракометарите на Вардар беше последна проверка пред дуелот со РК Металург кој ќе се одигра во недела.