Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Доколку денеска добијат половина од платите за декември месец, ракометарите на Куманово во сабота ќе го одиграат првенствениот натпревар против екипата на Пелистер.
Ракометниот клуб Куманово од почетокот на пролетниот дел од сезоната се соочува со голем број на проблеми. Најпрвин беше неизвесно дали ќе гостуваат против Преспа во најсилен состав. Вториот натпревар против Текстилец воопшто не требаше да биде одигран, но на иницијатива на тренерот Јовановски и помош од негови пријатели, беше подмирена финансиската обврска кон судиите и делегатот на натпреварот по што Куманово забележи победа.
Некои членови од управата воопшто не сакаа да се одигра овој натпревар. Со неодигрување на натпреварот Куманово ќе загубеше 7 бода и сигурно ќе испаднеше од лигата - изјави Миодраг Јовановски Црни.
Тој додаде дека во пресрет на натпреварот со Пелистер е ветено дека ќе биде исплатена првата половина од платите за декември на ракометарите, а вториот дел од декември ќе биде исплатен на почетокот од следниот месец.
Куманово се наоѓа на седмата позиција на табелата и се бори за опстанок во лигата. Од друга страна Пелистер е четвртопласиран на табелата. Во првиот натпревар оваа сеозна помеѓу овие два тима, Куманово забележа победа со резултат 28:26.