Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера на домашен терен ракометарите на Куманово беа поразени од екипата на Тинекс Пролет со резултат 27:32.
Екипата на Пролет е второ рангирана на табелата и воопшто не беше за потценување.
Додека домашната екипа не го даде очекуваниот максимум.
Клучниот играч кој беше наш најголем адут за победа на нашата екипа не се покажа во најдобро светло и по тешка игра успејавме само да стигнеме до 5 гола негатива и да излеземе од овој натпревар без ниту еден поен-изјавија од клубот.
Следниот натпревар ракометарите на Куманово го играат на гостински терен против екипата на Металург Јуниори, воедно и последен натпревар од домашното натпреварување.
Клучна ќе биде победата над екипата на Металург и со остварување на нови 3 поени имаме шанси да се пласираме барем на 5тото место на листата во домашното натпреварување-изјавија од клубот.