Ракометарките без пораз и во шестиот натпревар од сезоната
13.10.2020 08:16
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово беа убедливи против тимот на Кузман Вардар, совладувајки ги со резултат 52:12.

Трајковиќ Мила со 9 гола, Марковиќ Бранкица со 6 гола и Катарина Митровиќ со 11 одбрани беа лидери на тимот, а покрај нив уште 12 ракометарки се запишаа во листата на стрелците.
Во наредното Куманово му гостува на Металург, кој во досегашниот дел од сезоната забележа пет победи од исто толку натпревари. Покрај Куманово и Металург, без пораз е и тимот на Вардар.