Ракометарките домаќини на гевгеличанки
09.12.2011 09:06
| KumanovoNews
Утре во спортската сала, ракометарките на Куманово ја пречекува екипата на Гевгелија.

Во еден интересен и неизвесен натпревар ќе се обидеме да ја совладаме квалитетната екипа на Гевгелија, а со тоа да се искачиме на место погоре на табелата-вели Габриела Трајковска, капитен на екипата.
Натпреварот од деветото коло започнува во 17.30 часот.