Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово во последниот натпревар го декласираа тимот на Цемс со резултат 41:26.
Ова беше рутински натпревар за Куманово кој покажа дека е класа над противникот, па во првото полувреме водеше со резултат 22:15. Сања Дабевска не беше во составот за овој натпревар, а поголема минутажа добија и помладите играчи во тимот.
До крајот на натпреварот Куманово постигна 19 а прими 11 гола, па конечен резултат на мечот беше 41:26.
Наредните два викенда следува пауза во женскиот ракомет поради претстојните квалификациски натпревари за обезбедување пласман за бараж натпревари за СП 2019 Јапонија, против репрезентациите на Азербејџан, Турција и Исланд.
Од ЖРК Куманово повикани ракометарки се Александра Боризовска и Сања Дабевска.