Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометерките на Куманово забележаа убедлива победа против екипата на Пелистер со резултат 42-16.
Неизвеноста на натпреварот траше нецели десетина минути. ЖРК Куманово започна со серија од 4-0, додека гостинките од Битола тешко доаѓаа до шанса за шут која најчесто завршуваше над голот на Куманово. Фуриозната игра го реши мечот уште на неговиот почеток и двата тима заминаа на полувреме со резултат 24:6.
Второто полувреме беше само формалност каде што беше поставен конечниот резултат 42:16.
Бранкица Марковиќ и Александра Боризовска беа најефикасни во тимот на Куманово со постигнати 7 гола. Кај гостите Стефанија Талевска постигна 6 гола.