Ракометарките и одбојкарите настапуваат против Вардар
Одбојкарите на Куманово утре на гостински терен играат против екипата на ОК Вардар. Ракометарките утре во Спортската сала го пречекуваат ЖРК Вардар.
Натпреварот помеѓу ОК Куманово и ОК Вардар ќе се одигра салата Кале, со почеток во 14:30. Вардар се наоѓа на петтата позиција на табелата, додека Куманово е на седмото место.
Ракометарките на Куманово со почеток во 17.30ч ќе одиграат дерби натпревар против првопласираниот тим на Вардар. Нашите ракометарки веруваат во победа и ветуваат ангажирана и пожртвувана игра со која би требале да и го нанесат првиот пораз на Вардар. Ракометарките и стручниот штаб ги покануваат љубителите на ракометот да дојдат во што поголем број и со нивна подршка да остварат подобар резултат.