Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На вчерашниот натпревар ЖРК Куманово пружи одличен отпор против лидерот на табелата Металург но на крајот загуби со резултат 28-33.
Во четвртфиналето од Купот на Македонија, ракометарките имаа одлична претстава и не дозволија фаворитот да одигра лесен натпревар. Првото полувреме заврши со резултат 10-16 за гостите, а во таа разлика удел имаа и неколку судиски одлуки кои беа дискутабилни и на штета на Куманово.
Иако се очекуваше пад во играта и голема разлика во конечниот резултат, ракометарките на ЖРК Куманово излегоа максимално мотивирани и дадоа маскимум на двата краја од теренот. Тие не успејаа да ја намалат предноста на Металург на помалку од 5 поени, но не дозволија гостите да направат двоцифрена предност.
Александра Боризовска одигра маестрално и постигна 11 гола, но немаше подршка од останатите ракометарки меѓу кои втор најефикасен играч беше Викторија Пеовска со 4 гола.
Кај гостите, Лена Граматова постигна 8 гола.
Следниот натпревар ЖРК Куманово го игра против тимот на Вардар, во сабота во 15:30.