Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово во недела на домашен терен го играат клучниот натпревар оваа сезона, кога е во прашање одбрана на титулата.
По киксот во Купот на Македонија, ЖРК продолжува со одбрана на домашното првенство. Во предпоследното коло противник е тимот на Ѓорче Петров кој е втор на табелата со 10 победи 1 нерешен резултат и 1 пораз. Оваа екипа е единствената која може да ги стигне кумановки на првото место кои се без пораз, и имаат 10 победи и 2 нерешени натпревари.
Натпреварот се игра во недела во салата на економското училиште со почеток од 18:30 часот.