Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре, на домашен терен ракометарките на Куманово со почеток од 19.30 часот ќе одиграат натпревар против екипата на Жито Прилеп.
Ова е натпревар од претходната сезона кој не беше одигран за време на колото.
Се надеваме на победа која ни е од исклучителна важност и ќе дадеме се од себе за да го задржиме четвртото место на табелата-изјави Габријела Трајковска, капитен на екипата.
Кумановчанки со голем труд и желба за подеба имаат можност да го совладаат противникот и да извојуваат победа на овој дерби натпревар.
Од овој викенд и младите ракометарки на Куманово го започнуваат натпреварувањето. Првиот натпревар го играат на гостински терен против екипата на Металург во Скопје.