Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово забележаа нова победа во домашното првенство, овој пат против тимот на Овче Поле со резултат 25:33.
Натпреварот во Свети Николе беше неизвесен во првото полувреме, иако кумановчанки имаа предност од два гола на паузата. Во вториот период од мечот, Куманово покажа дека е поквалитетен противник направи максимални осум гола предност и го постави конечниот резултат 25:33.
Мила Трајковиќ постигна 10 гола додека Викторија Пеовска го заврши натпреварот со 7 гола.
Во тимот на Овче Поле Драгана Стојанова постигна 12 гола.