Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на македонскиот шампион Вардар СЦБТ го загубија финалето на силниот меѓународен турнир.
Тие се поразени од европскиот шампион и домаќин Ѓер.
На последниот дуел на турнирот Ѓер славеше победа со 29:21. Во натпреварот за 3.место Крим го победи тимот на Ростов Дон (потенцијален ривал на Вардар во квалификациите од Лигата на шампионите) со 26:18, додека во дуелот за 5.место Лајпциг и Мец одиграа нерешено 25:25 и на пенали победи Лајпциг со 5:4.
Екипата Вардар постигна две победи на турнирот против Мец 28:23 и против Крим 29:22.