Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово ја декласираа екипата на Таста 107 од Прилеп. Конечен резултат на мечот беше 30:18.
Успешно деби на клупата на Куманово имаше новиот тренер, Николина Михајловска која со победа го започна пролетниот дел од сезоната. Тимот на Таста 107 беше рамноправен противник само на почетокот на натпреварот, а потоа кумановчанки востпоставија целосна контрола и го диктираа темпото до крајот на натпреварот.
Најефикасни поединци на натпреварот беа М.Паневска и А.Боризовска со 8 гола. Кај гостите М.Митреска постигна 7 гола.
Ракометот во Куманово е во подем за што говореше големиот број на посетители кои беа присутни во Спортката сала во Куманово.