Ракометарките на Куманово поуспешни од Леов Бартек
Женскиот ракометен клуб Куманово, вчера на домашен терен успеја да издвојува победа против екипата на Леов Бартек. Конечен резултат на натпреварот беше 18:17.

Цврст и неизвесен беше дуелот во кој нашите ракометарки успејаа да издвојуваат победа во последните минути од натпреварот. Ракометарките на Леов Бартек со неколку контра-напади дојдоа до водство од 1:4, но нашите ракометарки се консолидираа во одбраната и го спречија најсилното оружје на гостинките од Велес. Проследен со многу фаули, и одлична игра во одбраната на двете екипи, натпреварот на полувреме заврши со резултат 6:6.
Второто полувреме започна во исто темпо, само што беше зголемена ефикасноста. Леов Бартек повторно се одлепи на 3 гола разлика, но преноста повторно беше неутрализирана, по што Куманово последните 10 минути имаше предност од гол разлика. Конечен реузлтат на натпреварот беше 18:17.
Успешен натпревар имаа и ракометарите на Куманово кои издвојуваа победа на гостувањето во Ресен, со резултат 22:35.