Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кадетскиот состав на ЖРК Куманово од денеска ќе играат на силниот меѓународен турнир во Смедерево, насловен како „Смедеревска есен“.
На турнирот учество ќе земат екипи од сите балкански земји заедно со Русија, Словачка и Алжир.
За тимот на Куманово ќе ги бранат минатогодишните вицешампионки на Македонија, ракометарките родени 2000 година и помали кои пред месец дена на турнир во Црна Гора успејаа да го освојат третото место.
Оваа перспективна генерација се наоѓа во тешка група каде што за подобар резултат ќе се бори со екипите на Крајова и Олипик од Романија, Винковци од Хрватска, Бјело Поље и Подгорица од Црна Гора, и Млади Радник, Вождовац, Јуниор и Рудар од Србија.
Турнирот започнува денеска, а завршува на 4.септември.
ЖРК Куманово е единствен претставник од Македонија.