Ракометарките од Економското училиште на државно натпреварување
10.04.2013 17:51
| KumanovoNews
Женската екипа на средното економско училиште, предводени од професорката Радица Димитриевска, утре го започнуваат државното натпреварување во ракомет со најдобрите екипи од средните училишта во Македонија.

Откако извојувавме победа на општинското, зонското и меѓузонското натпреварување помеѓу средните училиште, како прво пласирани тргнуваме кон нова победа на државното натпреварување во Скопје. Имаме добра екипа и голема волја за победа и се надеваме на победа и уште еден медал за нашето училиште-изјави капитенот на екипата Тијана Зафировиќ.
Државното натпреварување започнува утре и трае во следните три дена.