Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женскиот ракометен клуб Куманово денеска во просториите на Црвениот крст однесе помош на поплавените села Сингелиќ и Стајковци.
Од клубот со овој гест сакаат да ги анимираат останатите спортски клубови во градот да помогнат на поплавените подрачја.
Ние како „ЖРК Куманово“ имаме мал буџет, меѓутоа одвоивме одредена сума со која обезбедивме сретства за лична хигиена, која им е најпотребна во поплавените подрачја. Ние знаеме дека оваа е симболична помош, и е во рамките на можностите на нашиот клуб, па ги повикуваме поголемите клубови во градот да го следат нашиот пример. Покрај сретствата за лична хигиена, сите ракометарки и управата донираа на телефонските линии за помош на поплавените - изјавија од ЖРК Куманово.
Ракометарките се во интензивни подготовки за новата сезона. Тренираат два пати дневно. Домашното првенство започнува кон крајот на септември, а акцент во првиот дел од сезоната е ставен на натпреварот од Челенџ купот кој ќе се игра во средината на октомври.