Ракометарките поразени од Вардар
28.11.2011 10:53
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово доживејаа пораз од првопласираната екипа на Вардар. Конечен резултат на натпреварот беше 20:29.

Нашите ракометарки беа рамноправен противник само во првите петнаесетина минути кога резултатот беше 8:8, по што беше скршен отпорот од досега непоразениот тим на Вардар. На полувреме резултатот беше 10:13, а во вториот период гостинките го засилија темпото и направија поголема разлика.
Ракометарките на Куманово се слободни во следното коло.