Ракометарките против Металург за прво место на табелата
13.03.2019 08:42
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово денеска ја пречекуваат екипата на Металург, натпревар кој ќе го даде лидерот на табелата во женската ракометна лига.

Металург е лидер на табелата со 14 победи и 2 пораза и вкупно 42 поени на табелата. Куманово има скор од 13 победи, 1 нерешен резултат и 2 порази, што резултира вкупно 40 поени.
Кумановчанки забележаа убедлива победа во првиот дел од сезоната на гостински терен со резултат 18-30, меѓутоа тоа не е вистинска слика за соодносот на силите, па вечерва треба да очекуваме вистинско ракометно дерби.
Натпреварот започнува во 19:30 и се игра во салата на Економското училиште.