Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женскиот ракометен состав на Куманово, вчера на домашен терен ја совлада екипата на Сап Акумулатори од Пробиштип со резултат 28:15.
Уште на почетокот на натпреварот се гледаше дека домашната екипа е убедливо подобра од противникот и направи разлика од 7:1 каде што до крајот на полувремето играат со вториот состав од екипата.
На пауза отидоа со резултат 9:8.
Оваа за ракометарките на Куманово беше лесен противник како за почетокот на првенството, но секако до крајот не очекуваат уште многу натпреварувања во кои треба да докажеме дека сме подготвени за потешки предизвици од кои се надеваме дека ќе излеземе како победници-изјавија од клубот.
Денеска, во економското училиште "Перо Наков" со почеток од 13 часот екипата на РК Куманово е домаќин на Металург Јуниори од Скопје.