Ракометарките убедливо подобри од екипата на Кичево
11.03.2013 09:39
| KumanovoNews
Женската екипа на Куманово, вчера на домашен одигра натпревар кој ги доведе до убедлива победа од 35-16.

Ракометарките уште во првата половина од натпреварот ја загарантираа првата победа од оваа коло на домашен терен и на полувреме отидоа со резултат 16-8.
Поради големата разлика во резултатот останатиот дел од натпреварот во екипата на ЖРК Куманово го одигра втората екипа која исто така резултираше со прекрасна игра.