Ракометарките забележаа нова победа
07.11.2011 12:09
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово забележаа уште една победа на домашен терен. Овој пат беше совладана екипата на Овче Поле со резултат 28:19.

Овче Поле беше слаб противник, и победникот беше решен уште во првото полувреме. Тогаш нашите ракометарки заминаа со предност од 14:6. Во второто полувреме падна играта, и разликата во еден момент изнесуваше само 4 гола, но ракометарките брзо се вратија по тој пад и не дозволија изненадување, по што го поставија конечниот резултат, 28:19.
Следното коло, ракометарките играат на гости против екипата на Феникс АМ.