×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарките забележаа нова победа, за викенд му гостуваат на Шампион

    09.12.2022 10:30 | KumanovoNews

    Ракометарките на Куманово продолжуваат со добрите игри и борба за што повисока позиција во групата А од женската Супер-лига. Вчера во рамките од 11 коло, тие ја декласираа екипата на Скопје со резултат 41:20.

    Ракометарките забележаа нова победа, за викенд му гостуваат на Шампион

    Алмеида Андреза со 13 гола и Величковска Габриела со 7 гола ја предводеа екипата кон седмата победа оваа сезона. Димитровска Ана Марија, Зечевиќ Сузана, Граматова Пена, Богојеска Сара постигнаа по 4 гола, Цветановска Сара го заврши натпреварот со 3 гола а Пешиќ Мила постигна 2 гола на натпреварот. 

    Кај голманките Матеа Чурлиновска имаше 5 одбрани а Симона Грујовска беше поуспешна со 7 одбрани.

    ЖРК Куманово со 21 бод се наоѓа на третата позиција на табелата. Пред Куманово се екипите на Чаир кој има победа повеќе и Вардар со две победи плус во однос на кумановки. 

    Екипата на ЖРК Шампион е противник во следното коло на Куманово, а тимот во досегашниот дел од сезоната забележа 4 победи и 6 порази.