Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кадетскиот состав на Куманово одигра одличен меѓународен турнир во Смедерево, Србија и заврши на четвртата позиција од десет екипи.
Младите ракометарки одлично го започнаа турнирот победувајки ги екипите на Млади Радник со 15:6, Бјело Поље со резултат 18:6 и РК Рудар со 13:11.
Во натпреварот за третото место кумановчанки загубија од СЦ Вождовац со резултат 15:20.
Ние во исти ден игравме два натпревари едноподруго, додека за Вождовац тоа беше прв натпревар. Уморот го стори своето и не успејавме да дојдеме до третата позиција, иако сме уверени дека ќе победевме на тој натпревар. Сепак, нашите млади ракометарки потврдија дека имаат Европски квалитет и тоа е најбитно за нашиот клуб - изјавија од ЖРК Куманово.