Ракомтарките го добија противникот во Челенџ Купот
19.07.2016 11:08
| KumanovoNews
Екипата на Хелватиа БМ Алкобендас од Мадрид, Шпанија е противник на ракометарките на Куманово во рамките на Челенџ Купот оваа сезона.

Првиот од двата натпревари кумановчанки ќе го одиграат на домашен терен.
Доколку обезбедат пласман во следната фаза, ЖРК Куманово ќе игра против екипата на Колегио де Гала од Португалија.
Куманово не е единствен претставник од Македонија во оваа натпреварување. Во третото коло свој настап ќе има и тимот на Вардар СЦЈС(Вардар 2) кој ќе игра против екипата на Свиленград од Бугарија.