Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мадридско дерби во финалето на Купот на кралот. Ова стана познато откако синоќа се одигра реваншот помеѓу Севиља и Атлетико Мадрид кој заврши без победник 2:2, но поради победата на домашен терен во првиот меч, Радамел Фалкао и дружината обезбедија пласман во финалето.
На синоќешниот меч „Јорганџиите“ по половина час игра имаа голема предност од 2:0, со головите на Кошта во шестата и Радамел Фалкао во 29-тата минута.Во 39-тата минута домаќините погодија преку Навас и воедно ја вратија надежта за добар резултат и пласман во финалето.
Но, Севиља не успеа да ја исполни целта, бидејќи во самиот финиш на мечот го постигнаа вториот гол преку Ракитиќ за 2:2, што секако беше недоволно за елиминација на Атлетико Мадрид.
Вреди да се напомене дека Севиља овој меч го заврши со двајца играчи помалку откако црвени картони заработија Медел и Кондогбија.
Финалето помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе се одигра на 18-ти мај.