Рекордни 34 поени на Никола Пековиќ во НБА
23.12.2013 10:45
| KumanovoNews
Црногорскиот репрезентативец, играчот на Минесота Никола Пековиќ вчера во натпреварот против Лос Анџелес Клиперс го постави својот рекорд во кариерата постигнувајки 34 поени.

Центарската линија на Клиперси, составена од Деандре Џордан и Блејк Грифин не успејаа да го сопрат шоуто на Пековиќ, кој покрај 34.поени забележа и 14 скока од кои 8 офанзивни.
Сепак оваа одлично издание на „Пекмен“ не беше доволно за победа на Минесота.