Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Србија и Данска вчера ја комплетираа полуфиналната четворка на светското првенство.
Репрезентативките на Србија до полуфинална средба стигнаа со победата над првакот Норвешка, додека Данките ја победија Германија.
Во претходните натпревари репрезентациите на Полска и Бразил направија простор за полуфиналето на 21. Светско Првенство одржано во Србија.
Србија уште во третата четвртина од натпреварот направи предност и го совлада актуелниот олимписки и светски шампион Норвешка со резултат 28:25, кои играа мошне сигурно во текот на натпреварот и ја контролираа играта.
Дамјановиќ и Цвијиќ со по осум голови беа најефикасни во српската репрезентација, додека Лекиќ постигна четири голови. Голманката на Србија Томашевиќ блескаше на голот со 14 одбрани.
Локе со пет, односно Суланд и Морк со по четири голови беа најефикасни во норвешката репрезентација, која по долги години остана без медал на големите натпреварувања.
Додека репрезентацијата на Данска по подолго време застана на врвот за борба за медал, откако во четвртина финалето ја совладата екипата на Германија со 31:28.
Србија во полуфиналната средба ќе игра против екипата на Полска, а противник на Данска е репрезентацијата на Бразил.
Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 20. декември (петок).